речник контакт

Каде да се паркира во Велес?

Слободно паркинг место, добитна комбинација на лото

Петар Печков

Најголемиот проблем за повеќето велешани е паркирањето. Тоа е тема која се провлекува со години и се интензивира. Со зголемениот увоз на автомобили, се повеќе ги има и на улиците во градот. Сопствениците  затоа мака мачат како да најдат слободен паркинг, оти во градот тој е во ограничен број.

Има до 400  слободни места, за различни локации, во центарот каде е најголемата фреквенција на автомобили и институции чии услуги се користат  има три, пред Судот, кај Саатот и пред Пионерски.  Затоа најчесто автомобилите се паркираат на тротоарите.

Нема  место, тоа е. И каде да се остави автомобилот е прашање кое  нема одговор. Затоа се случува и на тротоар и на секоја педа слободен простор. Време е локалната власт да излезе со решение за овој сериозен проблем – вели велешанец сопственик на автомобил. 

Но и дел до нив се заборават кога ги завршуваат нивните обврски. Па се случува да ги остават автомобилите на улица и тоа да го закочи сообраќајот во центарот и создаваат долги колони,  нивни нервозни колеги кои свират. Таков е случајот  на потегот на улицата 8-ми септември  пред Музејот и кај Чешелот, каде додека сопствениците уплатуваат во некоја од банките, или пазарат во бутиците и операторите за мобилни телефони, автомобилот да стои и по 10-тина 15 минути.  Општината за решавање на проблемот со паркинг простор размислува  да гради нов во близина на Автобуската.

Годинава ќе има нов паркинг од 50-тина места, близу Автобуската станица, спроти некогашното ОУ Џинот. Граѓаните така ќе можат за кратко време преку мост да ги завршат обврските кои ги имаат во центар. Се работи и на долгорочно решавање. Во тек е промена ан ГУП со кој се предвидува изградба на катна гаража на местото од  паркингот пред Судот. Така ќе се добие многу повеќе отколку постојните 50-тина места -  изјави градоначалникот Чадиев. Тој не можеше да прецизира како и на  кој начин ќе функционира катната гаража, бидејќи тоа е се уште во фаза на планирање. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »